За да се спречи осиромашување на граѓаните

ССМ бара минималната плата да се качи на 18 илјади денари зашто цените отидоа нагоре

Поради зголемувањето на цените на храната и енергенсите, Сојузот на синдикати на Македонија бара зголемување на платите на работниците бидејќи во спротивно ќе има тренд на осиромашување на граѓаните. ССМ нагласува дека сегашниот износ на минималната плата не обезбедува ниту минимум стандард на работниците и бара нејзино покачување барем на 18 илјади денари.

„Сојузот на синдикатите на Македонија оправдано во изминатиот период укажува и бара минималната плата да изнесува најмалку во висина од 60 проценти од просечната плата, а во таа насока ја разбираме и изјавата и иницијативата до крајот на 2021 година да се зголеми минималната плата на 18.000 и со такво зголемување на минималната плата, истата ќе изнесува околу 63 проценти од просечната плата со што би се оствариле заложбите на синдикатот и барањата на работниците“, велат од ССМ.

Во следниот период, според ССМ, треба да се размислува и за промена на законското решение со кое ќе се спречи минималната плата да изнесува под 60 проценти од просечната плата, како и да се предвиди решение со кое и останатите плати ќе го следат растот на минималната плата.

Пресметките на ССМ покажуваат дека минималните трошоци на едно четиричлено семејство во август изнесувале 34.342 денари што значи дека потребни се отприлика две минимални плати за да се покријат основните месечни потреби.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе