ССК поднесе 15 мерки за Владата, приоритет се помошта за плати и бескаматните кредити

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) достави 15 мерки до Владата со барање да продолжи поддршката за зачувување на работните места и за опстанок на претпријатијата.

Од ССКМ соопштија дека приоритетните мерки на предложениот пакет вклучуваат продолжување на месечната финансиска помош од 14.500 денари за платите на вработените до април 2021 година, директно и неселективно, продолжување на бескаматните кредити и можноста за репрограмирање на обврските од активни кредитни побарувања.

„Доставивме 15 мерки за економски спас кои базираат на реалните потреби. Важно е да се зачуваат работните места, но и да се надмине нарушената ликвидност која многу брзо, ако не се обезбеди континуирана финансиска помош, може да доведе до затворање на дел од правните субјекти. Во услови на намалена деловна активност и голема неизвесност, мерката од 14.500 денари за плати на вработените, даде значителни резултати за одржување на претпријатијата како и зачувување на работните места. Неопходно е да остане достапна кредитната линија на Развојната банка за мали и за средни претпријатија“, изјави Данела Арсовска, претседателката на ССКМ.

Комората предлага и одлагање на роковите за поднесување годишна сметка и финансиски извештаи до 30 април 2021, во хартиена, односно до 15 мај годинава во електронска форма. Овие мерки, според ССКМ, се важни бидејќи ќе ги олеснат значително условите за работа на реалниот сектор. Меѓу клучните барања на Комората е и да се преземе одлучна акција за справување со сивата економија од нерегистрираните субјекти.

„Со оваа акција се постигнува двоен ефект, се обезбедуваат дополнителни финансиски приходи во буџетот од неформалната економија, која има учество од 40 отсто во економијата и која затајува даноци во износ од третина од националниот буџет, а второ, ќе се подобри деловното окружување за регистрираните субјекти кои во овој момент се во тешка состојба“, рече Арсовска.

ССКМ бара за претпријатијата во угостителството да се направи изедначување на ДДВ  на сите услуги и производи на даночната стапка од 10 отсто, додека за претпријатијата од секторот туризам, се бара намалување на ДДВ од 18 на 10 отсто.

Дополнително, доставени се и посебни финансиски мерки за директна таргетирана неповратна финансиска поддршка за секторите кои не се во можност редовно да ја вршат својата дејност, особено туризам, транспорт, угостителство, сметководство, едукација, установи за згрижување на деца кои е важно да не пропаднат во време на криза и да можат да опстанат до отпочнување на периодот на економското закрепнување.

 

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе