Српското млеко и натаму ќе се извезува во Македонија и Албанија

Владата на Србија денеска за уште 30 дена ја продолжи антикризната мерка со која е забранет извоз на млеко и млечни производи, но од забраната и натаму се изземени Македонија и Албанија, како земји од „Отворен Балкан“.

Мерката донесена пред еден месец, сега е продолжена и е со важност до 31 октомври.

„Со оваа мерка ќе се спречат можни штетни последици врз стопанството и граѓаните, а измените се направени со цел да се ублажат последиците и да се спречи критичен недостиг на млеко и млечни производи, поради зголемениот извоз и потребата на населението од зголемено снабдување предизвикано од кризата на светскиот пазар“, се наведува во соопштението на владата.

Министерството за земјоделство наведе деа забраната не се однесува на Северна Македонија и Албанија, како членки на иницијативата Отворен Балкан.

Владата го продолжи лимитот на цените на маслото, брашното, лебот и свинското месо.

„Млекото е отстрането од списокот на прехранбени производи чија цена е ограничена поради состојбата на пазарот во регионот и притисокот од високите цени, но и со цел непречено снабдување со млеко за членовите на Отворениот Балкан“, соопштија од Министерството за земјоделство на Србија.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе