Среќно детство во комплексот на падините на Скопска Црна Гора

Во трката за кариерен успех кој денес е мотивирачки за родителите кои што сакаат да обезбедат подобра и постабилна иднина за себе и своите деца, многу често ни се удира од глава доколку на сметка на кариерата и финансискиот успех ги запоставуваме нашите деца.

Отсуството на родителите кое е неизбежно поради кариерни обврски генерално се компензира со материјални добра (таблети, компјутери, видео игри, играчки и разни други поклони) кои привидно ги „смируваат” децата. Но, на децата им е потребно внимание од родителите и потребно им е внимание од нивни врсници.

 

Предводени од потребите на децата, телесни, духовни и социјални, односно потребата да секое дете игра со врсници, се социјализира, учи од другите, развива правилна моторика преку спортски игри од најмали нозе, сѐ до елементарната потребата за чиста околина, чист воздух и здрава храна, го создадовме комплексот We and Nature .

Комплексот е концепиран и се гради на основа на детските потреби за здраво и среќно детство. А кога децата се среќни, здрави и весели, тоа резултира со среќни родители. Овој релативно понов пристап на домување е одамна популарен во социјалните западноевропските земји и покажува феноменални резултати во однос на детскиот правилен раст и развој. Генерациите од 70. и од 80. години добро помнат и честопати споменуваат како имавме безгрижно детство, како бевме безбедни и можевме цел ден надвор да поминеме и никој да не биде загрижен притоа.

 

Безбедноста во Комплексот We and Nature е добиена со целосно насочување на сообраќајот во периферијата на комплексот, со отворање на пристапни улици до секоја куќа. Во внатрешниот дел овозможено е слободно движење на лица, децата пред се, како би се добил максимално безбеден простор за движење игра и социјализација.

Куќите се идентични, 160м2 внатрешен простор на два ката, со дополнителни 50м2 гаража и магацински простор. Секоја куќа има сопствена тераса од 40м2. Со стекнување на сопственост врз еден од објектите се добива и сосопственост на целокупното земјиште, спортско рекреативната инфаструктура и опрема.

Заедничкиот простор од 100м2 е вистински новитет кој ги обединува соседите на основ социјализација, прослави, предавања, презентации, јога часови и сл. Користењето е со предходно најава во системот за резервации каде членуваат сите жители на комплексот.

 

Баскет теренот и теренот за одбојка на песок кои се исто така сопственост на жителите на комплексот нудат можност за стекнување на спортски и здрави навики од најрана возраст. Спортксите реквизити за вежбање на отворено се дополнителна мотивација за одржување на здраво тело и здрав дух.

И секако, најмалите добиваат целосно ново социјално катче со лизгалки , клацкалки, лулашки, гранде трамболина и сл. Детското катче е лоцирано стратешки пред терасата на заедничкиот простор за да родителите можат едновремено да се социјализираат и спокојно ги набљудуваат своите деца со чаша добро вино во рака.

Во склоп на заедничка инстрастуктура спаѓа и базенот 10 х 5м, во кој има и дел предвиден за најмалите пливачи. Базенот е отворен за сите жители на коплексот, а дружење и разладување во овие жешки моменти е повоќе од добредојдено.

Kомплексот We and Nature се наоѓа на 8 км од центарот на градот, на падините на Скопска Црна Гора, каде воздухот е 100% чист во текот на целата година, има феноменална патна инфраструктура, канализација, градски водовод, сопствени бунари со геотермална вода (10 литри во секунда) и ред други погодности кои допринесуваат за здрав и високо квалитетен живот.

Продажбата на куќите е во тек и се очекува да целиот комплекс биде завршен до крајот на јули оваа година. Сите заинтересирани можат да се обратат со исполнување на формулар на веб страницата на комплексот. 

Комерцијален текст

 

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе