Средба во НБМ со претставници на финансиски друштва

Состојбите, движењата и трендовите во секторот на финансиските друштва беа главните теми на разговорите во Народната банка на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии Нина Ангеловска со претставници на Здружението на финансиски организации при Стопанската комора на Македонија и на Асоцијацијата на финансиски друштва.

Одделно беше разговарано и за предизвиците што со себе ги носи развојот на финансиската технологија и областите во кои треба да се очекува нејзина примена и кај нас во натамошниот период.

Соговорниците се осврнаа и на неодамна донесените измени на Одлуката за методологијата за пресметување годишна стапка на вкупните трошоци, со којашто се пропишува начинот на пресметување на СВТ на одобрените потрошувачки кредити од страна на сите кредитори, вклучително и финансиските друштва. Притоа беше појаснето дека се прецизира листата на трошоци кои не се вклучуваат во пресметката на СВТ. Имено, од оваа листа се исклучуваат трошоците за осигурување или гарантирање на кредит што не претставуваат задолжителни дополнителни услуги, како и останатите трошоци кои не се директно поврзани и со кои не е условено одобрувањето на кредитот. Со направените измени во регулативата се очекува дека ќе се обезбеди уште поголема транспарентност во формирањето на цените на потрошувачките кредити и дека на кредитобарателите ќе им биде навремено достапна поцелосна информација за вкупните трошоци кои ќе ги имаат на годишно ниво.

Во завршницата на средбата беше искажана желба заедничката комуникација на двете институции со Здружението и Асоцијацијата да продолжи, со цел континуирано информирање за состојбите, трендовите и новостите во секторот на финансиските друштва. Гувернерката на Народната банка и министерката за финансии оценија дека таквата, заедничка комуникација може да биде особено значајна и корисна во согледувањето на натамошните предизвици на нашиот финансиски систем и за оцената на неговата стабилност.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе