вторник, 7 мај 2024
Избори 2024

Во дијаспората гласале само 652 гласачи или 25 отсто од пријавените

До 19 часот, според информациите кои ги доби Државната изборна комисија од избирачките одбори, вкупната излезност од гласањето во странство за претседателските избори изнесува 652 гласачи од пријавените 2.569 гласачи, односно излезноста е само 25.38 отсто. Од ДИК напонуваат дека во оваа излезност поради временската зона не се вклучени седум избирачки места каде што уште трае гласањето од вкупно 31 избирачко место во свестот каде што е организирано гласање.

Објавено на

часот

Сподели

Од ДИК потсетуваат дека во дијаспората се гласа само за претседателските избори, а не се спроведе гласање за парламентарните избори поради неисполнетост на минималниот број гласачи пријавени за гласање за да може да се спроведе гласањето.

Што се однесува до 14-те гласачки места во казнено поправни установи во земава каде своето гласачко право денеска можеа да го остварат 2.147 гласачи за претседателските избори и 2.140 гласачи за избор на пратеници во Собранието, гласањето таму течеше без проблеми, информира ДИК.

До 19 часот, според информациите од избирачките одбори, гласаа 1.298 гласачи или 60.46% од запишаните за претседателските избори, односно 1.397 гласачи или 68.72 % за парламентарните избори.

Во текот на денешниот ден своето гласачко право во единствениот центар за внатрешно раселени лица можеа да го остварат и дваца гласачи кои се водат како внатрешно раселени и истите го оствариле своето право и за двата вида на избори. Гласачкото место во центарот за раселени лица е затворено.

Вкупно 534 гласачи кои се сместени во 20 центри за вонсемејна грижа имаа можност да го остварат своето право на глас во центарот каде што се сместени за претседателските и парламентарните избори.

Од вкупно 534 гласачи од 20 центри, гласале 401 гласач или 75.09 % за претседател на државата односно 400 гласачи од 20 центри или 74.91% гласале за избор на пратеници.

Според информациите од општинските изборни комисии, гласале 8.926 односно 80.45% болни или немоќни лица за претседател на државата односно 10.036 или 92.04 % за пратеници во законодавниот дом.

Државната изборна комисија досега издаде акредитации за набљудување на двата вида на избори на 1.303 домашни, 860 меѓународни набљудувачи и 83 странски новинари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ