Средба на Стопанска комора со Европската бизнис асоцијација

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, реализираше работна средба со раководството на Европската бизнис асоцијација, предводено од претседателката на асоцијацијата Катерина Бошевска.

Претседателот Азески посочи дека Европската бизнис асоцијација треба да има клучна позиција во претстојниот период, насочена кон пренесување на европските вредности во македонската економија, но и да поведе процес на транспонирање на европското законодавство во области кои се од клучно значење за македонското стопанство, кои треба да обезбедат доближување на применливите правила и стандарди за македонските компании, процес кој треба да се одвива независно од формалниот процес на пристапување кон Европската Унија.

На средбата се разговараше за некои од тековните активности кои ги спроведува Европската бизнис асоцијација поврзани со регулативата која се однесува на прашањата на стечај и инсолвентност, и беше постигната согласност двете асоцијации активно да соработуваат во насока на регулирање на ова прашање, со цел да се надминат недоследностите во законските решенија кои причинуваат неефикасност во постапките и во важечкиот Закон за стечај, но и во новото законско решение на нацрт Законот за инсолвентност, во кој треба да бидат имплементирани соодветни предлози кои  треба да придонесат за надминување на воочените слабости од важечкото законско решение.

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе