АСОМ

Спортските обложувалници бараат да продолжи уредбата за он-лајн обложување

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија реагира до Владата дека утре, 22 декември, истекува рокот за преточување на уредбата со законска сила во трајно законско решение или евентуално друго правно решение со кое би се продолжило он-лајн обложувањето преку македонските лиценцирани спортски обложувалници.

Со прекин на уредбата, велат од АСОМ, се гасат сервисите на домашните лиценцирани обложувалници, а државата ризикува да изгуби неколку стотици милиони денари на годишно ниво, средства кои, во услови на сериозна глобална економска дестабилизација заради Ковид-19 пандемијата, имаат значаен придонес во државната економија.

„Бараме итно, по кратка постапка, Владата да ја имплементира уредбата во Законот за игри на среќа и забавните игри. Владата имаше 6 месеци да најде правно решение за продолжување на уредбата, но тоа не се случи. Ние апелиравме преку медиумите, но и до Владата и Министерството за финасии со барање за средба за да ги адресираме предизвиците, но и придобивките од индустријата, но досега апсолутно немаше слух за тоа. Затоа ние уште денеска до Владата и Министерството за финансии ќе доставиме предлог текст за имплементирање на Уредбата во Законот за игри на среќа и забавните игри, кој сметаме дека треба итно да се донесе. Несфатливо е како во услови на економска нестабилност предизвикана од ковидкризата, државата не ја гледа вредноста во буџетот која ја донесе он-лајн обложувањето. Од друга страна и здравствениот аспект во смисла дека он-лајн обложувањето го намали физичкото присуство во објектите. За илустрација, од воведувањето на он-лајн обложување преку македонски лиценцирани обложувалници од мај годинава до декември од оваа услуга се слеале повеќе од 100 милиони денари во државната економија. Поконкретно од 4% посебна давачка за он-лајн околу 35 милиони денари и 65 милиони денари од данокот на личен доход“, соопштуваат од АСОМ.

Дополнително, велат од АСОМ, и покрај тоа што он-лајн обложувањето, согласно член 19 од Законот за игри на среќа на странските сајтови е спротивно на законот и ваквиот начин не гарантира никаква безбедност во однос на уплатите и исплатите, играчите сепак практикуваа и сé уште практикуваат он-лајн обложување на странски сајтови. Асоцијацијата  до Министерството за финансии, повикувајќи се на истиот член од Законот за игри на среќа (член 19) испрати допис, со кој побара да се информираат странските приредувачи на игри на среќа кои нелегално и без лиценца приредуваа он-лајн обложување дека е забрането учество на граѓаните на Македонија.

Во спортските обложувалници се вработени околу 4.500 луѓе, а целата индустрија поддржува околу 54.000 работни места, истакнуваат од АСОМ и нагласуваат дека исклучително е важно да ѝ се помогне индустријата за да се зачуваат работните места, да се обезбеди одржливост, а со тоа и финансискиот придонес кој индустијата го има во државната економија.  

АСОМ е формирана 2013 година, а членки на асоцијацијата се: Моцарт, Спорт Лајф, Златна Копачка, Евротип и Марбет.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе