Започна Типстер купот 2019/2020

Спорт Лајф со стан за најдобриот играч

Во новата сезона на Типстер купот на „Спорт Лајф“ (Sport Life), членовите на Сл клубот ќе можат да се натпреваруваат со своите типувања регистрирани на „СЛ клуб“ картичката и да освојуваат бројни добивки. Играчите ќе се натпреваруваат во 9 месечни етапи, почнувајќи од септември, па сè до крајот на мај следната година, а по финалето од 12 јуни до 12 јули 2020 година, ќе биде прогласен најдобриот типувач на кој ќе му биде доделен стан во Скопје.

Во финалето се натпреваруваат финалистите од сите месечни етапи, и тоа по двајца од секој објект на „Спорт“ (Sport Life), што е новитет за оваа сезона. Новина е и формулата по која се пресметуваат поените и по која се рангираат играчите. Нашите играчи ги очекува нова возбудлива сезона на Типстер купот“ - истакнуваат од „Спорт Лајф“ (Sport Life).

Сè што е потребно е да се зачлените вo „СЛ клубот“, да извадите членска картичка и да земете активно учество во новата сезона на Типстер купот. Со своите уплатени тикети, сеедно дали се погодени или не, ќе се рангирате според успешноста во типувањето. Притоа, можете да добиете подароци од „СЛ маркетот“, да добиете вредносни ваучери за нови тикети, како и да влезете во финалната трка за нов стан во Скопје.

За деталите за правилата и наградите на Типстер купот можете да се информирате на веб страницата на „Спорт Лајф“ (Sport Life).

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе