Според независни тестирања прочистувачот Блуер го отстранува живиот коронавирус од воздухот

Водечкиот бренд за прочистувачи на воздух Блуер (Blueair) денеска објави дека независните тестирања на моделот Блуер хелт протект (Blueair Health Protect 7400) потврдија дека тој целосно го отстранува живиот коронавирус (SARS-CoV-2) од воздухот. Со тоа, прочистувачот на воздух Blueair Health Protect и официјално е првиот во светот кој потврдено и докажано го уништува живиот коронавирус од воздухот во затворени простории.

Тестирањето на Блуер хелт протект го спроведе независната непрофитна истражувачка организација МРИ Глобал (MRIGlobal) во контролирани лабораториски услови, која ги потврди резултатите кои се смирувачка вест во периодот на пандемија. Покрај тоа што го уништува коронавирусот во затворените простории, прочистувачот Блуер е единствениот што обезбедува и 24/7 заштита од сите други вируси и бактерии, така што покрај него престојот дома и во работните простории е целосно сигурен и безбеден за здравјето на луѓето.

Овој револуционерен прочистувач е достапен и во Македонија, преку овластениот дистрибутер, компанијата „Екотип“.

„Блуер е водечки бренд во светот кој веќе 25 години ги користи најиновативните шведски технологии за да овозможи чист и безбеден воздух за сите. Притоа, успешноста на применетите технологии секогаш е подложена на независно испитување на трети страни со цел да се добијат објективни и релевантни резултати. Во период на пандемија, здравјето на луѓето е врвен приоритет, па затоа сакавме да им понудиме прочистувачи на кои со вистинска гаранција може да им веруваат дека ќе ги заштитат нив и нивните најблиски од коронавирусот“, вели Илија Андреевски, генерален менаџер на компанијата „Екотип“.                         

Блуер хелт протект вклучува најсовремена хепа (HEPA Silent Ultra) технологија која комбинира електростатско и механичко филтрирање на воздухот, со што најефикасно ги отстранува вирусите и бактериите, прашина, полен, првут и мувла, како и непријатните мириси. Со тоа обезбедува 50% повеќе чист воздух, користи 55% помалку енергија и прави 10% помалку бучава отколку традиционалната HEPA филтрација. Исто така, овој прочистувач содржи и најнапредна Germ Shield технологија која активно ја следи просторијата, дури и кога прочистувачот е во состојба на мирување и се активира за да ги уништи микробите и да спречи развој на бактериите.

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе