Според „Фич“, кредитниот рејтинг на Македонија е зголемен на ББ+

Кредитната агенција „Фич“ по три години го врати кредитниот рејтинг на земјава на ББ+, откако беше намален поради политичката криза. Сепак, за „Фич“ повторно политичката ситуација е најважна за понатамошно задржување на кредитниот рејтинг.

Главни ризици кои може да доведат до намалување на кредитниот рејтинг се: негативни политички случувања кои влијаат на стандардите за управување и економијата, фискалното пропаѓање или кристализација на потенцијални обврски што го зголемуваат ризикот за одржливоста на јавните финансии и проширување на дефицитот што врши притисок врз девизните резерви и/или девизниот курс во однос на еврото.

Според министерот за финансии Драган Тевдовски, зголемувањето на рејтингот е потврда за исправноста на политиките на Владата. Тој вели дека токму зголемениот кредитен рејтинг ќе го зголеми бројот на странски инвестиции во земјава.

„Нашиот кредитен рејтинг сега е зголемен. Тоа значи дека позитивно ќе влијае врз нивните одлуки да вложуваат во нашата земја. Тоа значи дека можеме да очекуваме дека ќе има поголем прилив на инвестиции, дека ќе се отвораат повеќе работни места. Тоа значи дека ќе се зголеми вработеноста, ќе расте извозот, ќе имаме повисок економски раст, а тоа директно ќе влијае и на зголемување на животниот стандард на граѓаните“, изјави Тевдовски.

Од Министерството за финансии велат дека проекциите за економскиот раст на Фич и нивните се многу слични.

„Во делот на фискалната политика Фич очекува буџетски дефицит кој е речиси ист со оној на Министерството за финансии за оваа и за наредната година. Проекциите за државниот долг се во линија што укажува дека министерството и Владата ја базираат својата политика на реалистични проекции“, вели советникот на министерот Тевдовски, Рилинг Кабаши.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе