Советите на нобеловецот Кругман се имплементираат - половина милијарда евра инвестиции во инфраструктурата

Преку половина милијарда евра, односно 523,6 милиони евра се наменети за инфраструктурни проекти со ребалансот на буџетот. Се инвестира во патниот дел од Коридорот 8 и 10, како и железницата, изградба на магистралните гасоводи, крупни проекти од областа на животната средина, здравството, образованието итн. Јавните инвестиции во инфраструктурата се од особено значење за придвижување на економската активност, но и за привлекување на странските инвеститори. Како што посочи нобеловецот Пол Кругман на Скопскиот економски форум - СЕФФ, за да дојдат странските инвеститори, потребна е амбициозна агенда за инфраструктурните проекти.

„Она што треба сега да се стори, веднаш и верувам дека се адресира тој проблем е да осигурате дека ако сакате нешто, пример фабрики од Холандија, Германија, ако сакате да користат производство тука, она што е најважно е таа инфраструктура за транспорт“, порача Кругман во Скопје на првиот ден од СЕФФ.

Подобрувањето на инфраструктурата е еден од приоритетите на Владата на што упатува и високиот износ на капитални инвестиции предвидени и во Буџетот за 2022 и сега со неговите измени. Капиталните инвестиции се проектирани на 32,2 милијарди денари и се за 37,8 % повисоки во однос на претходната година. Планирани се значајни инвестициски вложувања во патната инфраструктура како коридорите 8 и 10. Меѓу нив се делницата Тетово-Гостивар/проширување на автопат, изградба на автопат Требеништа – Струга – Ќафасан, изградба на делницата Гостивар-Букојчани, делницата Прилеп – Битола, делницата Ранковце – Крива Паланка и делницата Крива Паланка – граница со Бугарија, автопатска делница Кичево – Букојчани и Кичево – Охрид. Предвидена е и изградбата на автопатската делница Скопје – Блаце, патната делница Штип – Радовиш итн.)

Темата на годинашното издание на СЕФФ е „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа“. На првиот ден учесниците, меѓу кои владини претставници од регионот, високи претставници на меѓуанродни финансиски институции, претставници на бизнисот, експерти и дурго дебатираа за фискалните и монетарните политики и регионалната соработка. Дебатата продолжува денеска на теми поврзани со зелена транзиција, инфраструктура, поврзаност и трговија, финансиски иновации и инвестиции во услови на неизвесност, нови предизвици за добро владење и човечкиот капитал во 21-от век.

СЕФФ е замислен да функционира како платформа за дијалог на економски и финансиски теми. Целта да ги поттикне сите чинители да понудат решенија кои ќе можат да се искористат во решавање на предизвиците со кои се соочуваме во моментов, но и решенија за подобра иднина.

 

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе