Време

Сончево со мала до умерена облачност

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со локална појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а во западните делови од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 22 до 32 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени. Маврово 22, Охрид 27, Крива Паланка и Берово 26, Битола 29, Кавадарци 31, Дојран 32.

Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и постепен пораст на дневната температура. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Во петок кон крајот на денот и за време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе