Меѓу Штип и Свети Николе

Соларен парк за 94 илјади домаќинства, вреден 270 милиони евра ќе гради француски „Акуо Енерџи“

Соларен парк што ќе ги задоволува потребите за струја на 94.000 домаќинства ќе се гради од следната година на потегот од Штип до Свети Николе, на локацијата каде што требаше да има карго аеродром на површина од 452 хектара.

Инвестицијата, која со одлука на Владата е прогласена за стратешка, е проценета на околу 270 милиони евра, а ќе ја реализира француската компанија „Акуо Енерџи“ преку Друштвото за производство на електрична енергија „ОСТРО СОЛАР" – Скопје. Тоа е најголемата француска инвестиција во државава во последните 15 години. За нејзина реализација се подготвува закон кој очекува да биде донесен во првиот квартал наредната година.

„Северна Македонија ќе добие соларен парк кој ќе биде еден од најголемите во Европа со капацитет на производство на електрична енергија од 360 до 400 мегавати. Станува збор за директна француска гринфилд инвестиција најголема во овој домен за македонската економија. Местоположбата, согласно анализите на соларната радијација, карактеристиките на земјиштето, како и оддалеченоста од преносната мрежа, има одлични услови за изградба на фотонапонска електрена“, изјави премиерот Зоран Заев на промоцијата на инвестицијата.

Тој најави дека првите количини електрична на енергија ќе протечат во 2023 година, а целосна реализација се очекува до крајот на 2024 година. Производството на електрична енергија е проценето на околу 650 гигават часови на годишно ниво, што претставува 16 проценти од годишното производство на струја од АД ЕСМ.

Претседателот на француската компанија „Акуо Енерџ“, Ерик Ското рече дека Владата, воведувајќи систем на стратешка инвестиција донела храбра одлука и создала услови за забрзан процес кон енергетска независност.

Францускиот амбасадор во државава Сирил Бомгартнер истакна дека инвестицијата има големо стратешко значење, бидејќи ќе придонесе да се зајакне енергетската независност на Северна Македонија, истовремено помагајќи и на земјата да го изоди својот амбициозен европски пат за намалување на емисиите на јаглерод диоксид.

„Освен тоа, оваа инвестиција испраќа сигнал за пријателство до Северна Македонија и сигнал за доверба во нејзината европска иднина. Се разбира, модалитетите за нејзиното спроведување треба да бидат утврдени со посебен закон. Овој сигнал не е изолиран. Големата француска агенција активно се мобилизира во земјата“, рече амбасадорот Бомгартнер.

Според Заев, инвестицијата е директна придобивка од реформите во енергетскиот сектор.

Во моментот во фаза на градба се фотонапонски електрани преку принципот на поддршка со премиум тарифи со инсталиран капацитет од 60 мегавати, а дел од нив се пуштени и во употреба. Изградена е првата и најголема фотонапонска електрана од страна на ЕСМ со инсталиран капацитет од 10 мегавати и наредната година ќе почнат со изградба двете електрани од по 50 мегавати во Осломеј или вкупно 170 мегавати што е за 10 пати повеќе од 17-те мегавати коишто се изградени во претходните 26 години.

Во фаза на изработка се и технички студии за изградба на нови 10 мегавати фотонапонска електрана во РЕК Осломеј, како и на нови 160 мегавати фотонапонски електрани во РЕК Битола, проекти финансирани од ЕБОР и Германската развојна банка КфВ. Владата издаде и овластување за изградба на три ветерни парка со вкупен капацитет од 110 мегавати и со постојниот ветерен парк „Богданци" бројката ќе се заокружи на 150 мегавати. На тендерот за премиуми што беше објавен оваа година, втор по ред, пријавени се инвеститори со вкупен инсталиран капацитет од 207 мегавати иако беа понудени само 80 мегавати. Ова е показателот дека работите се движат во вистинска насока.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе