среда, 1 мај 2024

Нова анкета: Се топи предноста на Бајден пред Трамп

Американскиот претседател Џо Бајден има маргинална предност пред Доналд Трамп пред претседателските избори во ноември, покажува најновата анкета на Ројтерс/Ипсос, додека републиканскиот кандидат се бори против обвиненијата дека фалсификувал деловни податоци пред државниот суд.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Околу 40 отсто од регистрираните гласачи во дводневната анкета кажале дека би гласале за демократот Бајден доколку изборите се одржат денес, во споредба со 39 отсто кои би го избрале поранешниот претседател Трамп. Оваа предност од еден процент е помала од предноста од четири отсто која Бајден ја имаше во анкетата спроведена од 4 до 8 април. Анкетата има маргина на грешка од околу три отсто за регистрираните гласачи, а многу од нив остануваат неодлучни шест месеци пред изборите на 5 ноември.

Околу 21 отсто од регистрираните гласачи во анкетата кажале дека не избрале кандидат, дека би гласале за трета опција или дека можеби воопшто не би гласале.

Анкетата покажала дека осум отсто од анкетираните би го избрале Роберт Кенеди Помладиот кој е независен кандидат, доколку е на гласачкото ливче покрај Трамп и Бајден.

Двајцата кандидати имаат значителни предизвици со кои се соочуваат пред она што се очекува да биде тесна трка и прв реванш на американски претседателски избори по речиси 70 години.

Трамп поголемиот дел од април го мина во судница на Менхетн во првото од четирите судења кои се водат против него. Гласачите се исклучително загрижени околу менталниот капацитет на Бајден поради неговата возраст, тој има 81 година, како и острите критики од дел од неговата Демократска партија поради неговата поддршка на израелските воени злосторства во Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ