вторник, 16 април 2024

Зеленски: Ни Израел не е член на НАТО, но членки на Алијансата го бранеа

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави дека без помошта на САД, Украина нема да има шанса да ја добие војната со Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Без оваа помош нема да имаме шанса да победиме. Мора да бидеш посилен од непријателот за да го победиш“, рече Зеленски во интервју за американската телевизија ПБС.

Според него, денес Украина има една на 10 руски артилериски гранати.

„Во секој случај со ваква статистика секој ден ќе уназадуваме. Ако сакаме да го одбраниме она што е под наша контрола, тогаш треба да имаме пропорционални бројки – 10 спрема 10“, рече Зеленски.

Тој даде пример како Русите ја уништиле термоелектраната Трипилска, која е извор на електрична енергија во регионот на Киев.

„Летнаа 11 ракети. Ги уништивме првите седум, другите четири ја уништија станицата. Зошто? Затоа што немавме повеќе проектили. Ни снема од ракетите што ја штитеа Трипилија“, рече претседателот на Украина.

Зеленски додаде дека кога сојузниците велат дека не можат да ѝ го дадат на Украина ова или она оружје или не можат да бидат присутни во Украина со оваа или онаа сила, бидејќи ќе изгледа како Украина да го вовлекла НАТО во војна, тогаш тој сака да постави прашање за Израел.

„Израел не е членка на Алијансата. Но земјите-членки на НАТО го бранеа Израел, покажаа дека Израел не е оставен сам. Ова е лекција и одговор за сите оние што на различни континенти велат дека на Украина треба многу внимателно да ѝ се помага за да не ги вовлече земјите од НАТО во војна“, рече Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ