Софтлиџенс ќе инвестира еден милион евра во Македонија

Технолошката компанија специјализирана за дизајнирање и испорака на комплексни решенија и интегрирани платформи водени од податоци и вештачка интелигенција, Софтлиџенс (Softelligence), денеска го најавува отворањето на својата канцеларија во Македонија. Идната генерација пионери на технологијата со глобално седиште во Обединетото Кралство и два центри за испорака во Романија, одлучи да инвестира еден милион евра во Македонија во следните две години преку изградба на Центар за испорака во Скопје.

Адријан Блидарус

„Фокусот на нашето присуство во Северна Македонија ќе биде да изградиме тим од професионалци кои дизајнираат и имплементираат комплексни софтверски решенија за големи глобални клиенти. Планираме да прераснеме во хаб за одличност во Источна Европа за консултантски услуги и дигитална трансформација, конкретно опслужувајќи големи меѓународни компании за финансиски услуги – банки, заемодавачи, лизинг, осигурителни компании и брокери“, вели основачот и извршен директор на Софтлиџенс, Адријан Блидарус.

Во неговата срж, Софтлиџенс има цел да го револуционизира начинот на кој компаниите комуницираат со нивните клиенти и да ја подобри нивната оперативна ефикасност. „Создаваме култура водена од податоци преку имплементирање на модерни решенија за архитектура на податоци надополнети со вештачка интелигенција, да им помогне на клиентите да донесат подобри одлуки, да добијат подобро ниво на деловна контрола и успешно да планираат да бидат пред нивната конкуренција“, вели Блидарус.

Со инвестицијата ќе се отворат вкупно 100 работни места за ИТ професионалци во наредните две години: развој на софтвер и инженери, аналитичари на податоци, водачи на тимови, архитекти за решение, научници за податоци и други позиции. Компанијата ветува конкурентни плати и одлични услови за работа, но и можност за професионален развој, учење од меѓународни експерти, обука и развој на нивните кариери и проширување на нивните хоризонти. Локалниот тим во Македонија ќе има поддршка од 250 интернационални ИТ експерти и ќе биде вклучен во постоечки и нови глобални проекти, помагање на клиентите да распоредат најсовремени решенија како што се интегрирани платформи, напредна и предвидлива анализа на податоци и вештачка интелигенција.

Седиштето на Софлиџенс е во Лондон и има два центри за испорака во Букурешт и Крајова, Романија. Компанијата е основана во 2006 и е рангирана меѓу првите 150 најбрзо растечки технолошки компании во Европа од страна на Фајнаншл тајмс. Софтлиџенс има долготрајни партнерства со Мајкрософт, Инстанда, ФинтечОС, Датабрикс и други воспоставени провајдери на технологија и платформи. Сегашни клиенти вклучуваат компании-членки на Ерсте груп, Виена иншуранс груп, ТБИ бенк, како и осигурителните гиганти Бизли и Хауден груп.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе