Сочувство од Азески по повод смртта на претседателот на Унијата на стопанските комори на Грција

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија упати телеграма со сочувство до Унијата на стопанските комори на Грција по повод ненадејната смрт на претседателот на унијата и на Атинската комора за трговија и индустрии, Костантинос Микалос.

Двајцата претседатели на коморите, Бранко Азески и Константин Микалос имаа долгогодишна  одлична соработка на полето на бизнис заедницата. На 17 јуни годинава, од страна на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и претседателот на Унијата на грчки комори и на Атинската комора за трговија и индустрии, Константинос Михалос, беше потпишан  Меморандум за соработка, со што се верификуваше досегашната долгогодишна соработка што ја имаат двете најголеми бизнис асоцијации од двете земји и беше најава за креирање агенда за отворање нови перспективи во насока на зголемување на трговската размена, зголемување на инвестициите, како и подобрување на условите за работа на бизнис заедниците од двете земји. На свечениот чин Азески, посочи дека е чест да се соработува со Микалос кој е претседател на најголемата деловна заедница од Грција, што ќе поттикне уште повеќе да се отвораат можности за македонските бизнисмени да бидат активни во Грција, но и зедничка соработка на бизнис асоцијациите и компаниите од двете земји на проекти и настани.

 

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе