Со воз до Бељаковце до 2016 година

Почна реализацијата на проектот „Реконструкција на Коридор 8, делница Куманово-Бељаковце“. Со овој проект се предвидува целосна реконструкција на постојната пруга, изградба на три железнички станици, шест стојалишта, повеќе надвозници и подвозници, изградба на мост над Пчиња, обновување на постојните мостови, инсталирање на кабелски водови, огради, заштитни бариери и нови сигнално сигурносни уреди.

Првата железничка делница од  Куманово до Бељаковце е со должина од 30,8 километри и е прва од трите делници на пругата од меѓународниот железнички Коридор 8 која треба да ја поврзе Македонија со Бугарија

„Најголемиот дел од пругите во Македонија се направени пред повеќе од сто години за време на отоманската империја. На пример, железничката пруга Скопје - Гевгелија е изградена 1873 година, а железничката пруга од Скопје до Табановце во 1887. Од тогаш па наваму многу малку е инвестирано во изградбата и рехабилитацијата на железничката инфраструктура во нашата држава“, рече премиерот Никола Груевски.

Првата фаза од овој проект изнесува околу 46 милиони евра, втората 145 милиони евра, а за третата фаза ќе се користат средства од Европската банка за обнова и развој, од Европската инвестициона банка и од ИПА-фондовите на ЕУ.

Ревитализацијата на првата делница од Куманово до Бељаковце долга 30,9 киломери ќе чини 46 милиони евра обезбедни од Европската банка за обнова и развој. Треба да биде готова за 3 години. Втората и третата фаза вредни уште 500 милиони евра целосно ќе бидат заокружени до 2022-та. Парите се обезбедни.

Пругата кон Бугарија почна да се гради во 1993 година, но градежните активности целосно запреа само неколку години подоцна без да се направи конзервација на сработеното. Поголем дел од челичните конструкции и од дрвените прагови беа украдени, а она што остана го изеде времето. Изграденото тогаш речиси и не може да се употреби сега. Беа вложени околу 100 милиони евра.

„Сме напишале на хартија и сме ветиле пред граѓаните на Република Македонија дека ќе почнеме со железничкото поврзување со Бугарија. Денес пругата кон Бугарија станува реалност, тоа е нашиот концепт и принцип на работа“, рече Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски.

Градежните работи и се доверени на германската „Вибе“ која беше најповолен понудувач на меѓународниот тендер. Сепак, компанијата ќе користи и локални материјали и работници.

„Проектот претставува поттик за растот на македонската економија преку вклучување македонски градежни фирми и работници во максимален дел што ќе претставува допонителен инпут за растот на македонската економија“, изјави Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии.

„Изградбата на последниот дел од 2.5 киломтери од Ѓуешево до границата со Македонија не претставува проблем за нашата држава и ќе биде направен откако ќе биде готова вашата линија“, рече Данаил Папазов, министер за транспорт, информатички технологии и комуникации на Бугарија.

„Сумата за инвестиции во железничката инфраструктура се приближува до 1,5 милијарди евра, 1 милијарда евра вложуваме во изградба на патишта и 1.5 милијарди во железници – тоа се делата кои ги ветивме и кои стануваат реалност во Република Македонија“, рече Никола Груевски, претседател на Владата.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе