Наградна игра

Со Виса картичките на УНИ банка: Купувај за 500 денари и можеш да добиеш 100.000 денари

До 31 октомври купувајте онлајн или платете на ПОС терминал минимум 500 денари пет пати и имате можност да бидете еден од десетте победници во играта на УНИ банка „Купи...победи“. Наградите се – тројца добитници ќе освојат по 60.000 денари, тројца по 30.000 денари, тројца по 10.000 денари и само еден ќе успее да ја освои главната награда од 100.000 денари.

Право на учество во играта имаат сите физички лица на возраст над 18 години, корисници на една од следните картички - Виса класик дебит (Visa Classic Debit), Виса класик (Visa Classic) и Виса голд (Visa Gold) издадени од УНИ банка. Се земаат предвид сите трансакции направени од страна на корисникот на картичката или од страна на корисниците на дополнителни картички поврзани со единствената сметка на корисникот, на продажните места или електронска трговија не само во земјата, туку и во странство. Во играта не влегуваат исплатите на готовина од банкомат, банкарски шалтери, членарини и провизии, како и сторнирани трансакции.

Право на учество немаат вработените на УНИ банка како и членовите на нивните семејства.

Сите корисници на картички имаат подеднаква шанса во извлекувањето, но само десет најсреќни од нив ќе бидат извлечени компјутерски по принцип на случаен избор на 30 ноември и ќе бидат објавени во рамките на три работни дена на интернет страницата на организаторот.

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе