Со Вело кафе и Алпско млеко кафе со млеко без лактоза

Сигурно не постои скопјанец кој не уживал во своето викенд - попладне во Градскиот парк во Скопје, држејќи во раката ароматично кафе или свежо цеден сок од Вело кафе.

Приказната за успешниот и симпатичен бизнис, предводен од Дарко Јовчевски и Димитар Димитровски започнува во (далечната) 2013, што значи дека тие непрестано педлаат и ги усреќуваат скопјаните со услугите кои ги нудат веќе шест години. Ги прават нашите сончеви викенди уште попријатни и радосни и за тоа им благодариме. Градскиот парк во Скопје дефинитивно имаше потреба од нешто вакво! Луѓето, а особено оние помладите повторно се вратија таму, наместо да бидат во околните кафулиња или да го избегнуваат паркот во целост.

„Во Вело кафе подготвуваме многу видови вкусни кафиња и свежо цедени сокови со висок квалитет. Преку нашата мобилност им ја овозможуваме на луѓето целосната понуда на еден кафе бар, но на многу понеобични локации. Ние сме енергетски независни и не емитираме никакви штетни честички во воздухот освен мирисот на свежо подготвено кафе. Се движиме на велосипедски погон, и се грижиме за природата и Градскиот парк“, велат од Вело кафе.

Сепак има една група луѓе кои не можат во целост да уживаат во тие прекрасни моменти. Тоа се луѓето интолеранти на лактоза, и на кои една голтка кафе со млеко може да им предизвика тегоби во стомакот кои можат да им го уништи денот. Па затоа Алпско млеко во потрага по начини да им обезбеди лесен ден на сите, се спои со Вело кафе во заедничка мисија. По тој повод, на 12 мај ве повикуваме во Градскиот парк, на кафе со млеко без лактоза! За живот без тегоби! За лесен ден!

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе