Со Прокредит банка и договорите онлајн

Прокредит банка продолжува со имплементацијата на модерни банкарски технологии во земјата со 100% автоматизирана услуга за готовински и безготовински платежни трансакции.

Први на пазарот ја воведоа и услугата за дигитално потпишување на договори за сите правни лица. Ефикасноста, брзината и безбедноста се придобивките кои ги нуди оваа услуга.

„Станува збор за едноставна и безбедна електронска платформа која им овозможува на клиентите дискреција и пристап со сопствено корисничко име и лозинка. Откако клиентите ќе добијат дигитален сертификат за потпис, сите останати договори за кредити, кредитни линии и гаранции може да се потпишуваат преку оваа иновативна платформа. Сè што е потребно се личен компјутер и интернет. Со оваа услуга, чекањето во ред и брзањето во банка само за еден потпис стануваат минато за нашите клиенти“, велат од Прокредит банка.

Предностите од користење на услугата за дигитално потпишување договори се многубројни – зголемена ефикасност и брзина во потпишувањето на договорот со што се заштедува на време и трошоци, ја подобрува безбедноста и го олеснува процесот на водење евиденција за документацијата.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе