сабота, 20 април 2024

Курти: Воените вежби на Србија се закана по безбедноста на Косово и регионот

Премиерот на Косово Аљбин Курти оцени дека вчерашната вежба на Војската на Србија на Пештерската висорамнина е „закана по безбедноста“ на Косово и регионот Западен Балкан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Курти кажа дека вежбата со боево гаѓање на која присуствувал претседателот на Србија Александар Вучиќ е „доказ дека Србија е главен актер на дестабилизацијата на Западен Балкан“.

„Тие изведуваат вежби со борбени дронови-камикази, а местото каде што се одвиваше вежбата е 30 километри од границата на Косово, а само три километри од границата на Србија и Црна Гора“, кажа Курти.

Од септември минатата година, по инцидентот меѓу косовската полиција и група вооружени локални Срби во Бањска кај Звечан, косовските власти во повеќе наврати ја обвинуваат Србија дека распоредува трупи „во близина на границата“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ