Со нова опрема ќе се детектираат патогени бактерии во примероци од храна и површина

Инструменти за автоматска детекција на патогени бактерии во примероци од храна и површина, бројач на соматски клетки во примероци од сурово млеко, апарат за квалитативно и квантитативно одредување микотоксини, се само дел од новата опрема што Министерството за земјоделство, шумарство и водосопанство денеска му ја примопредаде на Факултетот за прехранбена индустрија и исхрана при Универзитетот во Тетово. 

Опремата за лабораториска анализа на квалитет и безбедност на храната е обезбедена со средства од годинашната Програма за рурален развој.

Како што рече министерот за земјоделство, Аријанит Хоџа, со оваа инвестиција се исполнуваат европските стандарди во сиситемите за контрола на квалитетот, здравјето и безбедноста на храната.

„Тетовските земјоделци веќе нема да ги праќаат мострите за испитување на квалитетот на храна во Скопје. Наскоро тие ќе се вршат тука, во лабораторијата за безбедост на храна на Универзитетот во Тетово. Од Програмата за рурален развој, Факултетот за прехранбена технологија и исхрана доби 200.000 евра, со што се доопреми постоечката лабораторија и се зголемија капацитетите за контрола на прехранбени производи“, изјави Хоџа.

За Универзитетот оваа опрема значи многу зашто ќе овозможи да се зголеми истражувачкиот капацитет.

„Набавени се нови инструменти за автоматска детекција на патогени бактерии во примероци од храна и површина, бројач на соматски клетки во примероци од сирово млеко, апарат за квалитативно и квантитативно одредување на микотоксини, како и демонстративна опрема за студентите на земјоделските науки. Досега земјоделците од полошкиот регион своите примероци мораа да ги носат на лабораториски анализи во Скопје, но наскоро тоа ќе го прават во оваа лабораторија која треба да помине процес на акредитација, со што ќе се обезбедат стандардизирани методи за анализа согласно стандардот за управување со квалитет“, рече проректорот на Универзитетот, Шефик Шеху.

Во проектот се вклучени четири универзитети, а вупната вредност е 600.000 евра.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе