Со инстант лозот Биди ВИП-вози џип од Скопје во Гостивар

Од 1 ноември лани Државна лотарија на Македонија го пласираше инстант лозот Биди ВИП - вози џип во соработка со Аутомобиле СК, а вчера, 9 мај додели уште еден автомобил Jееp compass, кој е една од 10-те главни добивки во овој инстант лоз.

Дел од овие автомобили веќе се возат низ улиците на Куманово, Кавадарци, Охрид ,Скопје, Ресен, Прилеп, Ново Село - Струмичко,  а од денес ќе се вози и во Гостивар.

Наталија Танасковиќ е редовен играч на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија. Редовно игра лото во продажното место Јoтон среќа во Гостивар. Кога имала добивка со 4 погодоци, добиените средства ги вложила повторно во уплата на лото, а следното коло среќата ѝ се насмеала и имала 5 погодоци. Добиените 1.170 денари повторно решила да ги вложи во игра на среќа. Па повторно уплатила лото, но и купила неколку инстант лозови. Токму инстант лозот Биди ВИП вози џип се покажал како најсреќен за неа откако изгребала три симболи на автомобил. Овие три симболи вчера ја донесоа до клучевите од нејзиниот нов автомобил Jееp compass, кои ѝ ги додели Марјана Станојковска во салонот на Автомобиле СК во Скопје. 

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе