Со „Беџ за верификуван е-трговец“ ќе се прави разлика меѓу регистрирани и нерегистрирани онлајн продавници

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) воведува „Беџ за верификуван е-трговец”, кој ќе овозможи јасно разграничување на онлајн продавниците кои се регистрирани субјекти и ги исполнуваат основните правила и законски прописи од останатите онлајн продавници кои не се целосно усогласени или пак воопшто не се регистрирани и се дел од сивата економија.

Беџот за верификација, како што велат од Асоцијацијата, е дел од иницијативата „Е-трговија за сите“, чија цел е да ги доближи до граѓаните онлајн продавниците кои ги исполнуваат неопходните регулативи за работење во е-трговијата и да одигра едукативна улога за компаниите кои работат со е-трговија односно да ги мотивира постојните е-трговци да ги имплементираат сите правила и прописи во своето работење.

Главна причина за започнување со оваа активност, според Асоцијацијата за е-трговија е потребата за зголемување на довербата во онлајн продавниците од една страна, но и потребата за зголемување на свеста кај купувачите и правење разлика помеѓу регистрирани е-трговци и нерегистрирани субјекти кои учествуваат во онлајн продажбата (како дел од сивата економија) и претставуваат нелојална конкуренција за регистрираните е-продавници. 

„Во време кога е-трговијата зема сѐ поголем замав, а луѓето сѐ повеќе се охрабруваат да купуваат онлајн, важно е купувачите да можат да ги разликуваат онлајн продавниците кои ги исполнуваат основните правила и прописи, од оние кои се или неусогласени согласно регулативата или пак се дел од сивата економија. Потребно е купувачите да се свесни од каде купуваат или прават нарачки со цел да се заштитат и самите од какви било идни потешкотии, како на пример враќање на производот доколку не се задоволни. Купувачите треба да знаат и дека кога купуваат од нерегистрирани субјекти, на пример преку социјални медиуми, немаат заштита согласно Законот за заштита на потрошувачи“, појаснуваат од АЕТМ.

Беџот ќе биде визуелна ознака која ќе биде поставена на веб страниците на домашните е-продавници, која ќе им помогне на купувачите полесно да проценат дека станува збор за регистриран правен субјект кој ги има имплементирано сите неопходни законски регулативи во работењето.

„Овој беџ не ги опфаќа сите е-трговци во нашата земја и истиот ќе биде поставен само кај е-трговците кои самостојно ќе аплицираат за ваков беџ за верификација, а во исто време ги поминале соодветните проверки од АЕТМ за неопходни регулативи и обврски за работењето во е-трговијата“, дополнуваат од Асоцијацијата.

Меѓу условите кои еден е-трговец треба да ги исполнува се: да има објавено седиште и адреса, контакт податоци (е-маил адреса), даночен број - ако е-трговецот е ДДВ обврзник, да има поставена политика за враќање на производите, политика за заштита на лични податоци, да поседува ССЛ сертификат, да ги има јасно и транспарентно објавени цените на производите и услугите итн.

Сите заинтересирани е-трговци, ќе може да се информираат подетално и да аплицираат за беџ за верификација преку веб платформата за е-трговија на следниот линк.

Дополнително, листата со е-трговци од нашата земја кои се верифицирале ќе биде достапна и во вид на редовно ажуриран регистар, кој ќе биде јавно достапен и објавен на селдната веб страница.

 

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе