Министерство за земјоделие

Со авионско засејување на облаците ќе се заштитуваат посевите од град

Со 90 милиони денари од Програмата за рурален развој наскоро ќе биде набавен новиот систем за заштита од временски непогоди во земјоделството. Системот, со т.н. авионско засејување на облаците, ги разградува врнежите град, заштитувајќи ги на тој начин посевите.

Како што соопшти денеска портпаролката на Министерството за земјоделство Соња Јанковска, во завршна фаза е подготовката на техничката спецификација, а штом заврши процедурата за јавна набавка и се јави потреба, новиот систем за заштита ќе биде ставен во функција.

„Се работи за нов систем кој предвидува контрола на климатските услови преку авионски начин на засејување на облаците. Практично, постигнува поквалитетна и порационална заштита на посевите од град. Реагенсот што ќе се испушта од авионот ќе влијае на разградување на градот“, објасни Јанковска на прес-конференција во Владата.

Од сите досегашни анализи, авионското засејување на облаците наспроти останатите механизми се покажало како најефикасна превенција. Земјите од регионот како Грција и Бугарија веќе го користат и имаат позитивни резултати. Неколкукратно е поекономичен од старите ракетни системи. 

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе