Поради штрајкот на машинскиот персонал

За седум дена Железницата претрпе штета од 20 милиони денари

Штрајкот на машинскиот персонал во железницата, кој си ја бара својата октомвриска плата, секој ден на македонското стопанство му носи милионски штета. „Според груби пресметки, штетата од стоењето на товарните возови за седум дена изнесува околу 20 милиони денари за Железницата, а штетата пак, која ја трпи стопнството, е голема“, изјави за  МКД.мк Милчо Смилевски, директор за товарен сообраќај во МЖ транспорт

Смилевски вели дека станува збор за симулација на штетата за МЖ транспорт за седум дена и додава дека една пресметка е кога станува збор за приватни вагони кои стојат, а друга за вагони на железницата.

Тој вели дека не би можел да зборува за штетите кои ги има стопанството поради штрајкот, но нагласува дека сигурно се големи бидејќи застанува или е забавено производството во компаниите кои не ги добиле планираните стоки и суровини неопходни за производствениот процес или за транспорт на готови производи кон пазарот. Илустрира дека Макстил, Макпетрол, Либерти стил и други големи компании зависат од транспорт со железнички вагони.

На прашањето дали е логично дека штетите не би се случиле доколку навремено била дадена платата, Смилевски вели дека проблемот е повеќеслоен, но дека решението е во зголемен обем на работа.

„Минатата година беше пандемиска и ние имавме намален обем на работа. Годинава работата нѝ е зголемена за 20 проценти во однос на минатата, но за жал се зголеми цената на струјата и на нафтата, а тоа се главните енергенси од кои зависиме. Проценката е дека годинава ќе ја завршиме со транспорт на 2 милиони тони стока, што е за половина милион тони повеќе во однос на 2017 година, кога транспортот беше 1,5 мипиони тони“, вели Смилевски.

Тој додава дека проблемот со загубите би се надминал ако годишно се превезуваат 4 милиони тони, колку што изнесувал транспортот во 2006 година кога тој бил директор на МЖ транспорт. 

„Со толкав обем на работа не би зависеле од никого, би се покриле расходите и би имале приход. Секако дека работиме на тоа да го зголемиме обемот на превоз, преговараме со дел од коминтентите, како со Колска и Макстил, со цел со поголем број на композиции и вагони да се транспортираат суровини, зашто дел од транспортот се одвива и со камиони, што е поскапа варијанта за стопанството“, вели Смилевски за МКД.мк.

Инаку, штрајкувачите го бараат вториот дел од платата за октомври, а штрајкуваа и претходниот месец, кога исто така им доцнеа платите. Железницата е сопственост на Владата и веројатно се прават калкулации дали е можно проблемот со работниците да се реши, имајќи предвид дека парите за плата се сигурно помали отколку штетите кои на дневно ниво се со милионски износи.

П.Џ.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе