Словеничка бизнис делегација во посета на Стопанската комора на Македонија

Вчера потпретседателката на Стопанската комора на Македонија, д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска, оствари работна средба со бизнис делегација од словенечката компанија за пренос на електрична енергија „ЕЛЕС Груп" - Словенија.

„Целта на посетата беше унапредување и интензивирање на економската соработка меѓу двете држави во делот на проектните активности од областа на енергетиката, иновациите и модерните технологии“ информираат од Стопанската комора на Македонија.

Д-р Георгиева-Јовевска накратко пред присутните ги претстави целокупната работа и функционирањето на Комората и потенцираше дека во соработка со Стопанската комора на Словенија интензивно низ годините се работи токму на јакнење на капацитетите и можностите за продлабочување на соработката меѓу бизнис заедниците од двете земји. Во изминатиот период двете комори организираа заеднички бизнис настани и средби со што значително придонесуваат за подобрување на деловната клима во двете земји, но и потпомагање на македонските компании за полесен пристап до европскиот пазар.

„ЕЛЕС Груп“ од Словенија e компанија на којашто основна дејност е сигурен и непрекинат пренос на електрична енергија во земјите од регионот и ЕУ, - истакна Александер Мервар, извршен директор на компанијата. Тој додаде дека компанијата работи на голем број проекти од областа на енергетиката и во моментот е координатор на најголемиот проект од Програмата „Хоризонт 2020“ во којашто активно е вклучена и Република Северна Македонија.

Двете страни едногласно се согласија дека во наредниот период е потребно да се разгледаат можностите за заедничка соработка особено во делот на унапредување на енергетскиот сектор во Република С. Македонија. За постигнување на таа цел, беше предложено до крајот на летото да се потпише меморандум за соработка во делот на развојни проекти за пренос на технологии и знаење. Потпишувањето на меморандум ќе претставува одлична можност за размена на „(now-how), иновативни технологии и информации, како и воспоставување партнерски односи на македонските со словенечките компании во енергетскиот сектор и заедничко учество во проекти финансирани преку европски фондови со што ќе се овозможи подигање на капацитетите на компаниите за аплицирање на европски проекти.

Вкупната трговска размена на Република С. Македонија со Република Словенија за првиот квартал од тековната 2019 година изнесува 62,7 милиони долари, со раст од 2,45% во однос на истиот од 2018 година. Остварен е извоз во вредност од 23,5 милиони долари, со раст од22,1%, a увозот изнесува 39,2 милиони долари, со опаѓање од 6,6%, во споредба со I-III-2018 година. Дефицитот на македонска страна од 15,7 милиони долари остварен во периодот I-III-2019 година е намален за 30,9% во споредба со истиот период лани. Во вкупната надворешно-трговска размена за периодот I-III-2019 година, Република Словенија е 17-ти трговски партнер на Република С. Македонија.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе