Истражување на Центарот за граѓански комуникации

Слаба конкуренција, вредни договори, 8 милиони евра за зимско одржување на патиштата

Конкуренцијата на тендерите за зимско одржување на улиците и патиштата е исклучително ниска, просечно по 1,7 понуди по тендер, а повеќе од половина од тендерите биле само со една понуда, забележува Центарот за граѓански комуникации во најновото истражување посветено на договорите на државните и локалкните власти. Тендерите не ги завршиле уште пет општини, а досега како најголем „трошаџија“ е државата преку своето претпријатие за одржување на патиштата низ земјава, а потоа Скопје со општините, како и Прилеп, Куманово и Струга. Најмногу ќе се опари фирма од Демир Хисар.

Државните институции склучиле договори за јавни набавки со приватни фирми за механизација, работници, сол и ризла за одржување на улиците и патиштата во зимски услови за сезоната 2021-2022 година во вредност од половина милијарда денари (8 милиони евра), забележува Центарот за граѓански комуникации во своето истражување. Од таа сума  5,2 милиони евра вреди договорот на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта , а Град Скопје и уште девет скопски општини сезонава за зимско чистење на улиците и за сол заедно ќе потрошат околу 1,4 милиони евра.,

Од другите општини, најмногу пари за зимско одржување планираат да потрошат Прилеп, Куманово и Струга. Прилеп – 195 илјади евра, Куманово 146 илјади евра и Струга 98 илјади евра. Општините Тетово и Кичево, кои имаа најголеми износи за овој вид на договори претходната година, сѐ уште немаат склучено договори за оваа зимска сезона. Тендерот на Општина Тетово е поништен, а постапката на Општина Кичево е во тек.

Конкуренцијата на тендерите за зимско одржување е исклучително ниска, просечно по 1,7 понуди по тендер, а повеќе од половина од тендерите биле само со една понуда.

Од фирмите, според вредноста на договорите, на врвот е Димакс рудници од Демир Хисар со 7 милиони евра за две години или по 3,5 милиони евра на годишно ниво.

Вкупната сума на трошоци за зимско одржување ќе биде и поголема ако се има предвид дека за пет тендери сѐ уште не се објавени склучените договори и нивните износи, предупредува Центарот за граѓѓански комуникации.

Досега се склучени 69 договори за зимско одржување на улиците и патиштата и за набавка на сол и ризла. Тендери за зимско одржување на улици и патишта имале 36 општини и Градот Скопје, 6 локални јавни претпријатија, државното јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје, АД Електрани и Министерството за внатрешни работи.

Што се однесува до фирмите кои добиле тендери за зимско одржување, на прво место според бројот на договори е скопската фирма КИ-ЕМ која има 7 договори за продажба на индустриска сол во вкупна вредност од 388.049 евра.

Но, според вредноста на тендерите, други пет компании се носители на најголемиот дел од колачот.

На врвот е Димакс рудници од Демир Хисар со четри тендери во вредност од 7 милиони евра за две години или по 3,5 милиони евра на годишно ниво. Три договори се склучени со Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје, и се однесуваат за набавка на индустрсика сол, ризла и механизација за превоз на ризлата, и еден договор е склучен со Општина Битола за набавка на ризла.

На второ место е Аполо Инженеринг со два договори, и тоа едниот склучен со Град Скопје во вредност од над 1 милион евра за две зимски сезони, а вториот со Општина Сарај во вредност од 48 илјади евра.

На трето место е фирмата ДИКОР ЦД Струмица која има договор со Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, за извршување на патни работи во зимски услови на сите Државни патишта во РСМ на територија на Подружница Штип во вредност од 548 илјади евра и договор со Општина Делчево во вредност од 23 илјади евра.

На четврто место според вредноста на склучените договори е ЈОСКАТРАНС-ТРЕЈД Демир Хисар со договорот склучен со Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта за извршување на патни работи во зимски услови на сите Државни патишта во РСМ на територија на Подружница Битола во вредност од 464 илјади евра.

На петто место на оваа листа е фирмата АНИЗОР Драшко од с.Шишево Сарај со склучени договори со општините Карпош, Центар, Ѓорче Петров и Бутел во вкупна вредност од 417 илјади евра.

Oд Центарот за граѓански комуникации велат дека основа за пресметка на трошоците на институциите за зимско одржување на патиштата и улиците се податоците добиени од Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН).

Во истражувањето се опфатени тендерите на сите институции на централно и локално ниво спроведени во текот на 2021 и 2022 година за зимско одржување на улици и патишта, како и тендерите спроведени во 2020 година но со рок на важност на договорите од две години со кои всушност се покриваат трошоците за зимско одржување за 2021 и за 2022 година.

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе