Поддршка за предлог мерките за заштита од ковид-19

СКСМ: Тие што не сакаат да се вакцинираат да се тестираат со поевтини брзи тестови на свој трошок

Стопанската комора денеска соопшти дека бара во мерките за заштита од ковид-19 да се наведе дека тие работници што не сакаат да се вакцинираат, а ја немаат прележано болеста во последните шест месеци, да можат да прават и брзи тестови кои се поевтини во однос на ПЦР тестовите, но трошоците исклучиво да бидат на нивна сметка, а во ниеден случај на сметка на работодавачите.

Комората во пресрет на денешната владина седница апелира, доколку се усвои ваквиот предлог, државата да овозможи контррла на движење на цените, односно да ја определи највисоката цена на брзите антигенски тестови за работниците да немаат големи трошоци.

Според Комората, трошокот за тестовите не смее да падне на товар на компаниите.

„Ако работникот одлучи да се вакцинира, ќе нема никакви трошоци. Во спротивно, ќе треба задолжително да се тестира, но со брзи тестови, а не со ПЦР кој е 10 пати поскап. Ова никако не значи задолжително вакцинирање, ниту каков било притисок во таа насока, туку само задолжително брзо тестирање што е вид превентива. Ако некој не смее да се вакцинира поради здравствената состојба, нема да подлежи ниту на тестирање. Ќе ги почитува само мерките“, рече потпретседателката на Комората, Анета Трајковска и додаде дека целта на ваквиот предлог е да се обезбеди континуитет на бизнис процесите.

Според неа, Комората ќе апелира до компаниите-членки да им одобрат два дена неплатено отсуство на своите вработени за да ги мотивираат да се вакцинираат.

Како што објасни Трајковска, ако работодавачот се одлучи за самотестирање, клучно е трошокот да падне исклучиво на товар на работникот зашто „секој друг трошок на товар на компанијата е непродуктивен и нема да даде ефект во смисла на зголемување на бројот на вакцинирани".

„Во услови на криза и пандемија, непродуктвини трошоци за работодавачите се неприфатливи“, потенцира Трајковска.

Даниела Василевска Михајловска од Комората додаде дека ваквите одлуки на Комората се резултат на сериозни анализи и на исКуства на земјите во Европа и опкружувањето.

„Нашиот став е во насока на тоа како бизнисот го следи ова прашање. Во пресрет на владината седница на која треба да се одлучува, сакаме да укажеме уше еднаш што бараме, не сакаме да навлегуваме во ставовите на другите. Според нас, економијата мора да биде пред се, мора бизнисот да работи и процесите да течат ако сакаме да има ефекти кои на крај се одразуваат во Буџетот. Ова е исклучиво во насока на движење на поцесите без притоа да се заборави здравјето на работниците“, подвлече Василевска Михајловска.

Одговорајќи на новинарско прашање, таа рече дека не може Комората да каже колкави треба да бидат цените на брзите тестови, но во секој случај бара, повтори, да не се дозволи нивно покачување.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера на Главниот координативен кризен штаб ги предложи новите рестриктивни мерки за задолжителна вакцинација на здравствените работници и за неопходно поседување ковид - потврда за вработените во јавниот сектор кои деновиве ги препорача Комисијата за заразни болести. Мерките треба да се разгледуваат денеска на владина седница. Филипче синоќа имаше состанок и со синдикатите, откако тие изразија незадоволство и побараа вакцинацијата да не се наметнува со присила. Дел од нив бараа и бесплатни ПЦР-тестови за вработените во јавниот сектор

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе