Скопско смут ја лансираше Смут oн – свежа музика на само клик од тебе

Пивото што е синоним за младост, бунт, слобода и свежина, ја продолжува својата автентична приказна со лансирањето на музичката платформа Смут он (Smooth ON).

Скопско смут ги собира на едно место луѓето што со децении ја креирале, дефинирале и живееле музичката сцена, за да ги пронајде, поддржи и промовира најсвежите и најоригиналните домашни артисти.

Лансирањето се случи на најсоодветното место за промоција на македонската музика – Д фест во Дојран каде  преку отворена панел дискусија во Скопско смут катчето отворено се дискутираше за македонската музичка сцена со Тошо Филиповски, Гоце Саф, Филип Николовски и Огнен Стојановски.

Панел дискусијата покажа дека постои потреба да често и отворено да се зборува на оваа тема, да се изложуваат предизвиците и да се креираат решенија, но клучната порака и заклучок е дека имам сцена која има огромен креативен и творечки потенцијал и која треба да се поддржи.

Наскоро целата дискусија ќе биде објавена на Смут он, a во меѓувреме ве покануваме да ја слушнете музичката селекција на нашите панелисти која само докажува колу е богата, разновидна и прогресивна македонската музичка сцена.

Вклучи се и слушај свежа музика!

Комерцијален текст

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе