Скопско нефилтрирано - ново пиво од Пивара Скопје

Пивара Скопје на пазарот го лансираше својот најнов пивски бренд - оригиналното Скопско нефилтрирано пиво. Оваа нова екстензија на Скопско, создадена според вкусовите на консументите, претставува уште една инвестиција на компанијата во развојот на пивската индустрија во Македонија.

„Како компанија која е лидер на пазарот во пивската индустрија и која повеќе од 94 години живее и дише за потребите на нашите консументи, со овој нов производ во портфолиото на Скопско уште еднаш ја потврдуваме нашата долгорочна стратегија за развој на пивската култура, пивската индустрија и економијата во Македонија воопшто. Скопско нефилтрирано е само уште една значајна потврда за стручноста и големото знаење на нашите врвни пивски мајстори, за високите технолошки стандарди и квалитетот на нашите производи“, изјави Владимир Косијер, генерален директор на Пивара Скопје.

Скопско нефилтрирано со неодоливо балансиран вкус, е направено за оние кои не се задоволуваат со малку и секогаш бараат нешто ново и неочекувано. Тоа е одговор на оние кои очекуваат повеќе од вообичаеното и сакаат да го почувствуваат богатиот вкус во секоја голтка.

„Најновиот член на Скопско семејството спаѓа во „craft“ категоријата на пива, што како термин во пивската индустрија претставува мајсторство за пиво со сопствени и уникатно развиени рецептури. Скопско нефилтрирано е направено со најдобрите природни состојки и 4,9% алкохол, по оригиналниот традиционален рецепт на Скопско. Едиствентата разлика е во процесот на филтрација, која веруваме дека ќе ги задоволи и најспецифичните вкусови на љубителите на пивото“, објаснува искусниот пивски мајстор и менаџер за производство на пиво во Пивара Скопје, Кирчо Стојанов.

Скопско нефилтрирано има нестандардна етикета од хартија која целосно го покрива шишето, што дополнително ги збогатува неговите природни и автентични особини, меѓутоа истовремено не дозволува никаква пропустливост на светлината, со цел пивото да остане свежо што е можно подолго.

Новиот производ веќе е во продажба во сите подобро снабдени малопродажни објекти и е достапен во стаклена амбалажа од 0,5 л, како и на точење во сите подобро снабдени локали.

Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018 година, кој го одбележуваме во вторник (18 декември).

повеќе

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе