Претструктурирање

„Скопски пазар“ ги даде маркетите под наем и остана лидер во стопанисувањето со деловен простор

Маркетите на „Скопски пазар" се дадени под закуп на компании што веќе се занимаваат со таа дејност - „КитГо" од Штип и „Зур" од Скопје. Компанијата од оваа зделка ќе приходува за 2,4 милиони денари месечно повеќе од досега. Опремата е продадена според пазарни услови, а сите вработени се преземени од новите закупци.

Ова се официјалните информации од „Скопски пзар“ за одлуката на компанијата за затворање на малопродажната мрежа од брендовите „СП Маркет“ и „Макси Д“. Со оваа зделка се создава дополнителен приход од околу 30 милиони денари на годишно ниво, а со издавањето на маркетите се затвори една дејност што создаваше загуби - месечно за плати одеа околу 2 милиони денари, за струја еден милион денари, кражби...   

Минатиот месец на официјалната интернет страница на Македонската берза за хартии од вредност и на корпоративната интернет страница на „Скопски пазар“ беа објавени и детали за спроведената активност.

Со затворањето на малопродажните објекти, почнат е процесот на преструктурирање и консолидација на друштвото. Единствена цел на друштвото е сите свои ресурси, преку  деловни активности, во целост да ги насочи кон профитабилни и долгорочно одржливи дејности заради остварување на позитивни финансиски резултати и зацврстување на пазарните позиции онаму каде што друштвото е најсилно.

А тоа, според „Скопски пазар“, се изградба, продажба и издавање на станбено деловен простор како и организација на зелени пазари и други пазаришни површини на територијата на Република Македонија.

„Известуваме дека веќе се склучени долгорочни договори за закуп на затворените простории со реномирани компании од малопродажната дејност со што се потврдува определбата за позиционирање на „Скопски пазар“ како лидер во стопанисување со деловен простор на територијата на град Скопје, а и пошироко во земјата. Исто така, сакаме да информираме за добивање на одобрение за градба на пазарот Бит Пазар, за што се чека рок за правосилностна одобрението. Со оваа инвестициска активност ќе се овозможи целосно покривање на Бит Пазар, нови тезги за корисниците прилагодени на дејноста, паркинг простор за 250 возила како и нов деловен простор наменет за продажба на заинтересирани инвеститори. Инвестицијата се проценува на околу 3,5 милиони евра, а ќе се финансира од извори на друштвото. „Скопски пазар“ годинава ќе слави 66 години од основањето и оваа инвестиција ќе ги потврди определбите на целиот колектив на друштвото за напредок и развој како значаен придонес кон подобрување на снабдувањето на Скопје со свежи продукти и стоки за широка потрошувачка“, велат одговорните од „Скопски пазар“.

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе