Скопје Север работи во сива зона, без лиценца, без еко-дозвола, со нервозен директор

Топланата Скопје Север има 15 вработени и со парно греење снабдува 500 домови во скопските населби Чаир и Бутел. Од 2005 година оваа компанија нема лиценца за вршење на оваа дејност, ни потврдија од Регулаторната комисија за енергетика. Освен лиценца за работа, од минатата недела топланата на своја рака и без одобрување за премин на алтернативно гориво од Град Скопје почнала да работи на мазут. На сето ова директорот на топланата Куштрим Рамадани има само еден одговор за новинарката на МКД.мк – „Пи*ка ти материна“!

Топланата Скопје Север нема лиценца за производство и дистрибуција на топлинска енергија. Топланата нема доказ дека мрежата е нејзина и не ги исполнува основните услови за да добие лиценца за работа од единствената институција што ги издава овие дозволи – Регулаторната комисија за енергетика.

Долгот од лани на топланата кон ЕСМ изнесува околу 400 илјади евра и во моментов топланата нема пари да ги врати тие пари, иако лани сметките за парно ѝ биле платени од граѓаните. Се работи за компанија која беше во сопственост на Топлификација, која е во стечај и во моментов единствен сопственик на Скопје Север е Комерцијална банка.

На 2 ноември банката се обиде да ја продаде топланата по пат на јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции од продавачот Топлификација АД Скопје, во стечај. Се понудија пакет од 77.414 обични акции издадени од Скопје Север АД Скопје што претставува 99,98% од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 780 денари по акција, или околу еден милион евра, преку моделот „сѐ или ништо“. Резултатот беше ништо.

Во оваа сива зона државата премолчано дозволува оваа топлана да работи само поради тоа што обезбедува парно греење на неколку училишта, градинки, јавни установи и стотина домаќинства.

Пред десетина дена на владина седница е донесена одлука за деловно-техничка соработка меѓу топланата Скопје Север АД Скопје и АД ЕСМ, но во меѓувреме настана спор дека Скопје Север за минатата грејна сезона наплаќал сметки, но не ја вратил позајмицата за минатата грејна сезона што ја зел од ЕСМ.

Во меѓувреме директорот Рамадани дава изјави и сопственото незадоволство од ситуацијата во фирмата која ја раководи го истура по новинарки.

А.Д.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе