Во УЈП задоволни

Скенирани се скоро три милиони фискални сметки, повратот на ДДВ кон граѓаните е 25 милиони денари

Апликацијата МојДДВ досега ја презеле 140.000 граѓани, скенирани се вкупно 2.993.788 фискални сметки, остварен е промет од 1.572.173.704 денари, а повратот од 15 отсто од пресметаниот ДДВ изнесува 25.368.380 денари, соопшти Управата за јавни приходи.

Мерката за поврат на 15 отсто од пресметаниот ДДВ почна да се применува од 1 јули 2019 година, а УЈП изразува задоволство од досегашната реализација на мерката, како и од ефектите што се во насока на намалување на сивата економија.

Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека граѓаните кои не можат да ја користат апликацијата МојДДВ на своите телефони, може да ги користат услугите што ги нуди УЈП во сите свои организациски единици каде фискалните сметки може да се скенираат на киоск апарати, баркод читачи, како и паметни телефони на кои е инсталирана апликацијата МојДДВ.

Во Управата за јавни приходи граѓаните, како што стои во соопштението, пријавуваат нерегуларности и се почесто инсистираат да им бидат издадени фискални сметки.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе