Кај кредитните трансфери, исто така, забележан е годишен раст, како кај бројот на трансакции, така и кај вредноста. Во првиот квартал од 2022 година, граѓаните извршиле 17% повеќе плаќања преку кредитни трансфери, додека вредноста на трансакциите била повисока за 28,6%, велат од Банката.
„Електронското банкарство и неговата употреба при иницирањето на кредитните трансфери, продолжува да расте и во првиот квартал од 2022 година. Електронски иницираните кредитни трансфери забележаа раст од 9,5% на годишна основа. За извршување на плаќањата, граѓаните особено ги користеле мобилните апликации со кои извршиле над една половина од вкупниот број на електронски иницирани кредитни трансфери. Притоа, бројот на плаќањата извршени со мобилен телефон пораснал за 18,4% на годишна основа. Истовремено, значително поумерен годишен раст со 1,7% е забележан кај употребата на компјутерите за извршување плаќања.