Министерството за земјоделство ќе прави нова анализа

Сѐ повеќе пари даваме за пчеларството, а сѐ помалку мед гледаме, каде ли се греши, се прашува Николовски

Нов начин на субвенционирање кај пчеларите најави министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Според него, тоа е потребно за професионалните пчелари да добијат поголема поддршка, како и да се откријат манипулациите поради кои има нелојална конкуренција меѓу пчеларите. Манипулациите мора да ги откриеме, нагласи министерот и рече „сѐ повеќе пари даваме, а сѐ помалку мед гледаме“.

„Вистинските пчелари ќе добијат поголема поддршка и повеќе средства, но мора да ги октриеме манипулациите и злоупотреби што се прават во системот. Здруженијата даваат најдобри предлози и идеи, како да го реформираме и реорганизираме моделот на субвенционирање во пчеларството затоа што сѐ повеќе пари даваме, а сѐ помалку мед гледаме. Така што, мора да ги постигнеме ефектите со средствата што државата ги обезбедува“, изјави министерот Николовски од Тетово каде го посети натпреварот за квалитет на мед што се одржува на Универзитетот во Тетово.

Триесетина судии започнаа со органолептичка анализа на пристигнатите примероци мед во рамки на четвртиот натпревар за квалитет на мед „Тетово награди за мед" (Tetovo Honey awards) што го организираат здруженијата „Полошки мед" и „Градот на пчелите". Пристигнаа 260 примероци на пчелари од 21 земја.


„Го организираме натпреварот по четврти пати благодарение на помошта на Министерството за земјоделство и Универзитетот, Факултетот за прехранбени технологии, без нивна поддршка немаше да добие академски апспект оваа манифестација. Задоволен сум од тоа што мострите од првиот натпревар и сега по четврти пат имаат голема разлика не само во однос на квалитетот и во однос на презентацијата. Би бил многу среќен ако дел од пчеларите почнат да работат секојдневно по овие стандарди и гледаме дека овој натревар помага да се подигне квалитетот на македонскиот мед. Јас сум сведок на тоа дека не само тука, туку највисоки оценки се добиваат и на меѓународни натпревари. Треба да работиме повеќе на презентација на нашиот мед затоа што Господ ја дава оваа клима да произведуваме квалитетен мед", изјави Дритон Дикена од организацијата на натпреварот.

Експертите и судии го оценуваат медот според боја, вкус, арома, влажност, чистота, по што ќе следуваат лабораториски анализи на хемиски состав. На 1 октомври ќе се знаат и наградените и двете здруженија ќе ја организираат манифестацијата „Слатки денови на Тетово".

Во 2021 година Министерството евидентирало пријавени 312 илјади пчелни семејства од пчелари кои се пријавиле за субевнции. Во 2012 година имало 150 илјади пчелни семејства.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе