Сити банка ја награди Комерцијална банка како најдобра во меѓународните плаќања во 2017

Како признание за брзината и квалитетот на меѓународните плаќања во долари и оваа година Комерцијална Банка АД Скопје е добитник на Best Performance STP Excellence award од Citi Bank: 2017 US Dollar payments STP Excellence Award – Best Performance (за најдобри перформанси во меѓународни плаќања во долари за 2017 година од Сити банка - Excellence Award).

„Високиот степен на директна обработка на меѓународните плаќања значајно влијае на заштедата на време и трошоци, што дава конкурентска предност на банката. Оваа награда претставува уште еден поттик за вработените и потврда за коминтентите дека Комерцијална банка АД Скопје и во меѓународни рамки останува најреномирана банка во Република Македонија, која се истакнува со својот исклучителен квалитет во извршувањето на меѓународните плаќања“, соопшти Комерцијална банка.

 

 

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе