Сите треба да бидеме разумни во очекувањата и можностите, им порача Битиќи на угостителите

Отворен сум за комуникација со секого, но во овие тешки времиња сите треба да бидат разумни во очекувањата и можностите, е одговорот на вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на тврдењето на Независната угостителска комора дека угостителите не се поддржани наспроти сите останати сектори.

Според Битиќи, уште во првиот и вториот актикризен пакет имало мерки насочени само кон угостителскиот сектор и оти само во делот на мерката за финансиска поддршка процентуално гледано искористеноста во овој сектор е солидна.

„Јас сум отворен да комуницирам дури и со неистомисленици без разлика дали тие претставуваат само мала група на луѓе или претставуваат поголема група на стопански субјекти. Имаше период на изјаснување за собирање на предлозите за мерките. Ќе ги видиме и ќе разговараме, но треба да сфатиме дека во овие тешки периоди, сите треба да бидеме разумни во очекувањата и можностите“, рече Битиќи, додавајќи дека сите ќе бидат помогнати во рамки на возможното.

Во однос на барањето на угостителите за средба до 25 јануари, Битиќи рече дека тоа би требало да се реализира доколку дозволат условите со ковид ситуацијата, но оти има и други механизми како што е онлајн комуникацијата. Тој повтори дека следната недела ќе се разгледа можноста за продолжување на работното време на угостителските објекти по 21 часот, но, како што рече, секоја  мерка што се носи мора да оди паралелно со примарната цел, а тоа е здравјето на граѓаните.

 

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе