УЈП и МБДП

Сите документи за кредитите на Развојна банка се достапни по електронски пат

Развојна банка, Управата за јавни приходи и Централниот регистар на Македонија апелираат до фирмите кои ја прибираат документацијата за аплицирање за бескаматните кредити како една од мерките за ковид-19, тоа да го прават исклучиво по електронски пат.

Документите што ги издава Централниот регистар како што се тековна состојба, листинг од обработена годишна сметка/завршна сметка за фискалната 2019 година, потврда за стечајна постапка, потврда за ликвидациска постапка, можат да се извадат по електронски пат, потпишани со дигитален потпис, преку системот за е-потврди.

Корисниците на интернет дистрибутивниот систем можат да ги извадат преку својот профил. ЗП образецот на Централниот регистар е достапен на следниот линк.

И Управата за јавни приходи апелира на поднесување на електронски барања за добивање уверение за платени даноци и придонеси. Даночните обврзници наместо да доаѓаат лично во Управата за јавни приходи да го поднесат барањето за издавање на Уверение преку системот е-даноци.

Денеска почна аплицирањето за првите 5,7 милиони евра бескаматни кредити од Развојна банка, како директна помош за микро, мали и средни претпријатија во борбата со ковид-19. 

Македонија спаѓа во групата држави во кои се преземени ригорозни ограничувања на човековите права заради справување со коронавирусот. 

повеќе

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе