Синдикатот и Владата в понеделник ќе разговараат за зголемување на минималната плата

Барањата на синдикатот за зголемување на минималната плата и за примената на законските измени со кои недела е прогласен за неработен ден ќе бидат тема на средбата меѓу Сојузот на синдикати на Македонија и Владата што ќе се одржи в понеделник, на 24 јануари.

Од синдикатот бараат итно зголемување на минималната плата на 18 илјади денари и скалесто зголемување на сите останати плати, а нивно барање е и утврдување на правото на регрес во јавниот сектор.

На средбата, како што информираат од синдикатот, ќе се разговара и за примената на Законот со кој недела е прогласен за неработен ден затоа што од страна на одредени работодавачи се крши законот за што од страна на ССМ се доставени претставки до Трудовниот и Пазарниот инспекторат.

„ССМ јавно укажува дека отстапки нема да има и доколку прашањата не бидат решени преку социјален дијалог веднаш, ССМ ќе го повика работникот и членството на генерален сеработнички штрајк“, се наведува во соопштението од ССМ.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе