Синдикатот бара минималната плата да изнесува 60 проценти од просечната

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека не е доволно усогласувањето на минималната плата за 3,17 проценти и бара минималната плата да се зголеми во висина од 60 проценти од просечната плата и да не изнесува помалку од 16.976,00 денари.

Според ССМ, ова би значело и спирално зголемување на останатите плати.

„Минималната нето плата сега изнесува 14.955,00 денари, зголемена е од 14.934,00 кога даночното ослободување се зголеми за 21,00 ден. Со ова усогласувањето во март 2021 година нето минималната плата ќе порасне нето за 446 денари (15.401), додека бруто минималната плата која што сега изнесува 21.776,00 денари ќе порасне за 690 денари (22.466,00)“, велат од ССМ.

Оттаму додаваат дека просечната нето плата за декември 2020 изнесувала 28.294,00 денари, а минималната нето плата ќе изнесува 15.401,00 денари и со минималната плата ќе се покрива 54,43 проценти од просечната плата. Сојузот на синдикатите на Македонија смета дека ваквото покачување на минималната плата не е доволно со оглед на тоа што во изминатиот период, македонскиот работник само за лекување поради заболување или изолација од ковид-19 имаше зголемен трошок за витамини и лекарства за најмалку 6.000 денари месечно, а тука се и зголемените цени на сите производи кои се неопходни за едно четиричлено семејство.

„Од овие причини, апелираме минималната плата да се зголеми во висина од 60 проценти од просечната плата и истата да не изнесува помалку од 16.976,00 денари. Дополнително потсетуваме дека зголемувањето на минималната плата треба да значи и спирално зголемување на останатите плати во сите сектори и дејности за сите работници, а потсетуваме дека не е законски работодавач да исплаќа плата само во висина на минималната плата на работник, доколку истиот има минат труд, работи во смени, работел прекувремено, работел во празник итн.“, велат од ССМ.

Од Синдикатот потсетуваат дека согласно законските решенија, исплатената висина на минималната плата во бруто износ за претходната година се усогласува во март секоја година со една третина од порастот на просечно исплатената плата во земјата, една третина од порастот на индексот на трошоците на живот и една третина од реалниот пораст на бруто домашниот производ за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика.  

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе