На средба на водачите на ССМ и КСС

Синдикатите бараат повисока мининална плата, а не нејзино усогласување

Сојузот на синдикатите на Македонија и Конфедерацијата на слободни синдикати на денешната средба, меѓу другото, зазеле став дека е потребно зголемување на минималната плата, наместо нејзино усогласување, преку заедничка волја од страна на сите социјални партнери. Синдикатите бараат доследна примена на членови од Законот за минимална плата бидејќи има проблеми во нивната примена, односно непочитуање од страна на некои работодавачи.

„ССМ и КСС остануваат на нивните укажувања и барања по однос на усогласувањето на минималната плата согласно Законот за минимална плата кое треба да се случи месецов, а двете организации особено бараат доследна примена на член 2, 4 и 8 од Законот за минимална плата, кои од страна на синдикатите се детектирани за проблематични при нивната примена и не се почитуваат од страна на работодавачите, а укажуваат дека потребно е зголемување на минималната плата наместо нејзино усогласување преку заедничка волја од страна на сите социјални партнери“, соопштија синдикатите.

Во информацијата за медиумите се вели дека претседателите на ССМ и на КСС Дарко Димовски и Благоја Расповски оцениле дека е од исклучително значење за работниците и за нивните права соработката меѓу најголемите синдикати.

Тие истакнале дека е потребна поголема ажурност на надлежните институции при заштита на работничките права.

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе