Синдикатите бараат недела да остане неработен ден за работниците

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) изрази загриженост по информациите дека групи на пратеници и министерот за економија Бектеши, изготвувале предлог текстови на Законот за работните односи и Законот за трговија со кои планираат да се уназадуваат и кратат работнички права односно да се озаконуваат незаконитостите, наспроти очекувањата на работниците и ССМ за доследно да се почитуваат Законот за трговија и Законот за работните односи во делот на законските измени за недела – неработен ден односно ден за неделен одмор и да не се озаконуваат незаконитостите.

Како што соопштија од ССМ, најавените предлог закони со самото тоа што веќе се доставени до Собранието без социјален дијалог претставува потценување на претставниците на работниците и работниците во целина што е недозволиво.

„Притоа, потсетуваме дека со законските измени, Сојузот на синдикатите на Македонија и социјалните партнери обезбедија можност неопходните дејности кои нагласуваме дека заеднички ги утврдивме во исклучоците да имаат можност да работат во недела, но за тоа да платат додаток на плата за најмалку 50 до 100%.

Сметеме дека ваквите чекори го уназадуваат социјалниот дијалог во државата и го миноризираат Економско социјалниот совет и договорите помеѓу работниците, работодавачите и Владата и на таков начин го оневозможуваат правото на најзасегнатите страни да учествуваат во социјалниот дијалог преку кој во изминатиот период се донесоа многу значајни решенија за сите“, велат од ССМ.

Оттаму порачуваат дека не смее да се дозволи за овие важни прашања да се елиминираат ставовите и улогата на социјалните партнери, што ќе значи и немање на социјален дијалог во државата што не е од интерес на ниту една страна или чинител во општеството.

„Поради сето наведено и едностраното пристапување кон овие значајни прашања за работниците задолжителна е реакција од членовите на ЕСС и Економско социјалниот совет, а во спротивно ќе бидеме приморани да сметаме дека и членови на Владата се вклучени во подготовка на предлог текстови на Законот за работните односи и Законот за трговија за уназадување на работничките права и дека свесно не ги почитуваат претставниците на работниците и работодавачите и се прави голем преседан по основ на кршење на работничките права кои веќе се од големо значење на работните“, соопштија од ССМ и додаваат дека бараат итна средба на Економско социјалниот совет на која како единствена точка ќе се разгледува ова важно прашање.

 

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе