СОНК-Влада

Синдикалците се незадоволни од зголемување на платите во образованието, неизвесен почетокот на учебната година

Синдикатот на просветните работници СОНК денеска соопшти дека се незадоволни од владината одлука за зголемување на платите во образованието од само 5 отсто.

Неизвесен е и почетокот на учебната година, за што синдикатот дополнително ќе заседава.
„Платите во образованието се најниски во јавниот сектор. Затоа бараме тие да се покачат сразмерно со растот на минималната плата", велат од СОНК.
Според одлуката на Владата, од септември наставниците и професорите ќе земаат за 5 отсто повисоки плати. Со оваа одлука се опфатени и научните институции.
„Владата го задолжи министерот за образование и наука Арбер Адеми да ги потпише Спогодбите со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) за реализација на предвиденото покачување на платите. Со оваа одлука дополнително се задолжува министерот за образование и наука да изготви решение за новите коефициенти за покачување на платите и кај јавните високообразовни установи и јавни научни институти за 5 отсто, почнувајќи од исплата на платата за месец септември 2019 година", соопшти Владата.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе