Швајцарски фонд планира Фени да го направи најголем производител на фероникел во Европа

Швајцарскиот инвестициски фонд, ФОС го потпиша Меморандумот за разбирање со банките и депонира средства за започнување на операциите во Фени. ФОС планира да го преземе Фени и фабриката да стане најголемиот производител на фероникел во Европа.

Постои план за рестартирање на комбинатот и Фондот е подготвен да се посвети на потребните инвестиции во фабриката. Целта на ФОС овозможува здраво заживување и проширување на операциите на Фени, додека работата на вработените, како и социјалниот живот ќе бидат заштитени на долг рок, соопштува швајцарскиот фонд.

„Имаме финансиски капацитет да инвестираме во Фени, бидејќи во овој момент само влезот на сериозни финансиски средства и инвестиции може да направи значајна разлика во работењето. Ова е сериозен бизнис и како таков бара сериозни инвестиции и оператори. Нашето докажано искуство во оваа индустрија е неопходно за успешно да го реализираме овој план: успешно ги преструктуиравме операциите и управувавме со рудник и фабрика за производство на фероникел со Фалкондо во Доминиканската Република, откако го купивме од Гленкор во 2015. Имаме план веднаш да ја рестартираме фабриката на Фени, постепено да ги прошируваме нејзините операции и да оствариме дополнителни вработувања на долг рок. Веќе го направивме бараниот депозит од страна на банките, согласно нашите обврски во Меморандумот за разбирање. Многу сме среќни што платите на вработените беа исплатени оваа недела", изјави Маркос Камхис, основач и извршен директор на ФОС асет менаџмент.

Камхис во 2015, беше одговорен при преземањето рудник и фабрика во Доминиканска Република, што се случи во крајно неповолни услови на пазарот на никел. Во моментот кога се случи преземањето, фабриката не беше функционална и беа вработени само 100 лица. Денеска бројот на вработени изнесува 1.300, од кои само 15 не се државјани на Доминиканската Република и Фалкондо е главен извозник и придонесувач во економијата.

Од ФОС асет менаџмент објаснуваат дека случајот со Фени ќе биде полесен, имајќи го предвид и фактот дека има слична технологија на производство, како и во Фалкондо, од каде веќе имаат позитивни резултати. За ФОС, Фени е фабрика која има иднина.

„Ние ќе ги задржиме сите вработени, а на долг рок планираме и нови работни места", рече Камхис, истакнувајќи дека нема да увезуваат менаџери за работа во фабриката, туку дека нивниот план е да ги задржат луѓето кои со години работат и имаат искуство, да бидат ставени на раководни позиции.

ФОС асет менаџмент е швајцарска овластена инвестициска компанија, специјализирана за приватен капитал, недвижен имот и финансиски услуги. ФОС е регистрирана инвестициска компанија според швајцарското право и е член на швајцарското регулаторно тело за компании за управување со средства.

Секоја намерна или случајна конфузија со компанија со слично име во медиумите и јавноста не е релевантна и нема никакво влијание врз силното портфолио на ФОС асет менаџмент, соопшти фондот.

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе

Сознанијата за степенот на местенки во судството неминовно го наметнува прашањето дали има местенки и во високото образование.

повеќе