Што ја прави пицата вкусна?

Списокот на состојките кои секој ги сака на својата пица е бесконечно долг и воедно неверојатно различен, често и силно спротивставен. Да не заборавиме на вечната борба – оние кои се за ананас на својата пица и оние кои се силно против! Единственото нешто што е константно е тестото, кое секогаш треба да е добро ферментирано. Се разбира и тука има варијации според личниот вкус: дебело тесто, тенко тесто, крцкаво тесто тесто со полнета корка...

Основното нешто што ја прави пицата вкусна е самото тесто и балансот помеѓу тестото и останатите состојки. А што е она што го прави тестото добро и вкусно? За добро тесто ви треба секогаш добро брашно. Квалитетното брашно го прави замесувањето, нараснувањето и растегнувањето на тестото лесно и ви гарантира дека тестото секогаш ќе биде баш како што го сакате. За совршени домашно подготвени пици, Жито лукс создаде брашно за пица, со сите специфичности кои го доловуваат автентичниот вкус на вечниот италијански рецепт. Карактеристично за овој нов вид брашно е тоа што е меко, тестото лесно се замесува и растегнува и што е многу важно, тестото не се кине.

Основно нешто кое е потребно во готвењето, покрај знаењето и вештината, се квалитетните состојки. Употребата на намирници кои се со висок квалитет го гарантираат успехот, посакуваниот вкус, текстура и изглед на секое јадење. Со сигурност можам да кажам дека ова брашно ви гарантира вкусно и успешно тесто за вашите домашни пици, по мерка“, вели Филип Поповски, готвачот кој стои зад блогот „Готвиме со Фичо“.

Откако ќе го подготвите совршеното тесто од брашно за пица, крцкаво а меко, за да ја добиете највкусната пица останува уште изборот на состојките.

Брашното за пица на Жито лукс покрај за подготовка на пица, наменето е за домашна подготовка на сите закуски од ферментирано тесто како фокача, фурнарини и слични печива. Создадено со долгогодишно знаење и традиција, одличниот вкус на овој висококвалитетен производ се подразбира.

 

Комерцијален текст

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе