Стопанска комора

Штерјова-Душковска е нов генерален секретар на КИФ во Трст

На седницата на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), асоцијација на шесте национални комори од регионот на Западен Балкан, одржана вчера во Подгорица, едногласно за нов генерален секретар беше избрана претставничката на Стопанската комора на Северна Македонија, д-р Татјана Штерјова-Душковска.

Коморскиот инвестициски форум, со седиште во Трст и канцеларија во Подгорица, е институција основана во 2015 година во рамките на Берлинскиот процес инициран од канцеларката Ангела Меркел, за време на вториот самит во Виена и претставува глас на приватниот сектор, застапувајќи 350.000 компании од подрачјето на Западен Балкан.

Фокусот на активностите на оваа асоцијација во следниот период ќе биде насочен кон имплементација на Акцискиот план за заеднички регионален пазар, кој треба да придонесе за обезбедување на слободниот проток на стоки и услуги, лица и капитал во регионот, но и зајакнување на соработката на полето на дигитализацијата, индустријата и иновациите. Клучна улога во КИФ ќе има и Бизнис-советот, кој го сочинуваат 16 водечки компании од регионот, меѓу кои и „Алкалоид“ АД Скопје и „Тиквеш“ АД Кавадарци.

Активностите преку проектите кои ги имплементира Коморскиот инвестициски форум, со поддршка на Европската комисија, Европската банка за обнова и развој, Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), Германската инвестициона банка (KFW), Австриската федерална стопанска комора и Австриската агенција за развој (АДА), нудат бројни придобивки за македонските компании.

Татјана Штерјова Душковска (34) е доктор на правни науки, вработена во Стопанската комора од 2011 година и во моментот ја извршува функцијата директор на Дирекцијата на здруженија и регионални комори во комората. Во изминатите четири години најголемиот фокус на нејзиниот ангажман беше во областа на регионалната економска соработка и беше активно вклучена во работењето на КИФ како национален координатор.

Со изборот на претставник на Стопанската комора на Северна Македонија како генерален секретар на една од трите најзначајна регионални институции, комората добива огромно признание за сите свои активности на регионален план, во пресрет на 100-та годишнина од своето постоење.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе