„Штаермаркише Банка" и „Шпаркасе" нови сопственици на „Охридска банка“

„Соситете женерал Франција" постигна договор со „Штаермаркише Банка" и „Шпаркасе" за преземање на акциите што „Сосиете женерал" ги има во „Охридска банка". „Сосиете женерал Франција" поседува 384.844 обични акции со право на глас, кои согласно договореното ќе ги продаде на Штаер.

Намерата за преземање на сите акции издадени од страна на „Охридска банка“, како што соопштуваат од банката, ја прими денеска Управниот одбор на „Охридска банка“.

„Порамнувањето на трансакцијата е очекувано да се случи во наредните месеци, имајќи предвид дека истото е предмет на обезбедување одобрувања од страна на Народната банка на Република Северна Македонија, Комисијата за хартии од вредност и Комисијата за заштита на конкуренцијата, како и сите неопходни странски регулаторни и антимонополски одобрувања“, информираат од банката.

Предвидената продажба на акциите издадени од страна на „Охридска Банка“ ќе биде извршена преку тендер во понуда за продажба составена во согласност и условена со одредбите и условите на Законот за преземање на акционерските друштва.

„Охридска Банка„ АД Скопје, „Сосиете Женерал Груп“, во изминатите неколку години бележи рекордни резултати во своето делување, позиционирајќи ја банката на петто место на најголема банка по висина на средства, кредити и депозити на македонскиот банкарски пазар, активна во делувањето и со сегментот население и корпоративни клиенти.

Во наредните неколку месеци, „Сосиете Женерал Груп“ и „Штаер“ заедно ќе работат на добивање на потребните дозволи.

„Охридска Банка“ АД Скопје, како што наведуваат во соопштението, ќе продолжи да го услужува населението и корпоративните клиенти со истото ниво на квалитет и посветеност, спремајќи се за непречена транзиција за клиентите, обезбедувајќи притоа стабилност на нивниот однос со банката.

Кој беше против осудата на комунизмот. За работите да станат појасни.

повеќе

Со потпишувањето на Преспанскиот договор се чинеше дека се отстрани единствената пречка за македонската интеграција во ЕУ и НАТО.

повеќе

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе